ВИДЕО: Нова експлозија во центарот на Париз – Жителите се евакуираат

Објавено: петок, 1 април 2016 во 13:20
Spread the love

Очевидци соопштуваат дека претпладнево во центарот на Париз одекнала силна експлозија. На твитер се појавија и првите слики од местото на настанот каде што се гледаат урнатини и чад. Има информации и за евакуација на граѓани.

Неофицијално, според првичните информации најверојатно не станува збор за терористички напад. Неименувани извори од полицијата претпоставуваат дека станува збор за експлозија на плинска боца.