Живот

Весна Змијанац: Невиноста ја изгубив во средно со професорот по математика

Познато е дека српската фолк-пејачка Весна Змијанац (59) нема влакна на јазикот, но нејзиното признание дека првиот сексуален однос го имала кога била тинејџерка и дека тоа се случило со нејзиниот професор по математика, ја шокираше јавноста.

– Првиот сексуален однос го имав со својот професор по математика, мојата тајна љубов, на кој мислев кога одев кај мојата мајка во Виена, и кој едвај чекав да го видам кога се враќав во Србија – изјавила Змијанац, а потоа открила бурни детали од оваа романса, пренесуваат српските медиуми.

– Нашата врска беше вистинска врска. Иако бев малолетна, изгледав повозрасно за своите години. Шминката и гардеробата придонесоа моето веќе оформено тело повеќе да се истакне. Разликата во години не ми претставуваше проблем. Ми беше потребен некој постар маж во кој несвесно го барав својот татко. Ми ласкаше што еден возрасен маж со авторитет  на професор ми го подарува вниманието и времето. Водевме љубов покрај корзото – открила Змијанац.

Поврзани вести

Back to top button