Свет

ВИДЕО: Нов пуч во Турција – Седум илјади специјалци ја опколиле воената база Инџирлик?

Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, која ја користат силите на НАТО и САД, јавија утринава локалните медиуми. Турскиот министар за преговори со Европската Унија Омер Челик објасни дека се работи за „безбедносна проверка“, но се појавија и шпекулации за нов обид за пуч, по оној неуспешниот на 15. јули.

Турскиот весник Хуриет претходно објави дека полицијата во градот Адана, во чија близина се наоѓа Инџирлик, добила дојава за нов обид за пуч, по што таму веднаш се испратени специјални сили.

Влезот во базата е блокиран, а на фотографиите кои ги снимиле граѓаните се гледаат специјалци со автоматски пушки и водени топови, кои обично се користат за време на протести.

Челик на Твитер се обиде да ја смири јавноста, пишувајќи: „Направивме генерална безбедносна проверка. Се е во ред“. Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводно се собрале во близина на кордонот кој ја опкружува базата, наведува сајтот РТ, додавајќи дека собирањето сепак не е масовно, а ни напнато како што беше за време на неодамнешните протести во Адана, на кои демострантите бараа затварање на базата.

Поврзани вести

Back to top button