Мистерии

ВИДЕО: Најпознатата американска планина крие тајна соба во која никој не смее да влезе

Веројатно една од најпознатите американски знаменитости, „Mount Rushmore“ на која се наоѓаат приказите на четворица американски претседатели, крие тајна соба во која не смее да се влезе.

Кипар Гатсон Броглум целиот проект го започнал во дваесетите години на минатиот век и ја замислил планината како приказ на неколку важни историски моменти од американската историја, но неговиот план сепак бил малку преамбициозен па му е дозволено да работи само на изработката на главите на четворицата претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Сепак, дозволено му е да работи на тајна просторија внатре во планината со помош на која би осигурал идните генерации да ја знаат приказната за американската историја, пишува Мирор. Условот бил најпрво да се заврши претседателскиот проект па тогаш да почне да работи на собата.

Замислата била во таа соба да се наоѓаат најважните документи од американската историја, но Броглум починал пред да успее да ја заврши. Во деведесетите години на минатиот век проектот сепак е довршен и во него сега, во мал дрвена кутија сместена во трзор од титан, се наоѓа Декларацијата за независност, Повелбата за човекови права односно Устав.

На туристите влез во таа просторија не им е дозволен, но пеш можат да дојдат до неа.

Поврзани вести

Back to top button