ВИДЕО: Мицов не доби прашања на македонски јазик па демонстративно замина од емисија на „АлсатМ“

Објавено: петок, 18 декември 2015 во 14:31
Spread the love
На Мицов не му беше овозможено да ги добие прашањата на македонски јазик, по што настана расправија, по која политикологот демонстративно ја напушти емисијата.
Стефан Влахов Мицов во „Алсат М“ (Принтскрин)Стефан Влахов Мицов во „Алсат М“. Политикологот Стефан Влахов-Мицов, кој гостуваше на дебатната емисија во телевизијата „АлсатМ“, беше испровоциран од страна на водителката како и од некои од гостите, по што ја напушти емисијата.
– Се наоѓаме во Република Македонија, сакам да ми се зборува на официјалниот јазик во Република Македонија. Станува збор за почит, тука има двајца претставници Македонци, а нив треба да им се зборува на македонски јазик. Ќе имаме проблем со комуникацијата од тој аспект – рече Мицов на почетокот од гостувањето во дебатната емисија.
Сепак, на Мицов не му беше овозможено да ги добие прашањата на македонски јазик, по што настана расправија, по која политикологот демонстративно ја напушти емисијата.
Расправиите почнуваат од 10.42 минути.