(ВИДЕО) Мигрант од Сирија кој во 2021 силувал жена, снимен како ограбува старица во Шведска
Сириски барател на азил треба да биде депортиран од Шведска, откако на шокантната видео снимка се гледа дека турка 91-годишна жена по скали. Нападот ја разгори дебатата во земјата за миграцијата.
Карам Кањо (26) е снимен како напаѓа и ограбува несреќна бабичка, која отишла да го посети гробот на нејзиниот сопруг. Нападот се случил на 29 август годинава, објави Дејли Меил.
Тој ја нападнал жртвата во близина на станицата Солентуна, десетина километри северозападно од Стокхолм. Бабата се обидела да се спротивстави и го фатила, па заедно се тркалале по скалите. Карам потоа ѝ го скинал ланчето од вратот на старицата и ѝ нанел бројни повреди. На видеото се гледа како минувачите бегале во страв, а крадецот мирно си заминал откако го скинал ланчето.
На помош на бабата дошле двајца минувачи. Бабата додека давала изјава во полиција рекла дека крадец ѝ ги украл ланчињата кои ги добила на подарок пред повеќе од 40 години. Таа исто така истакнала дека во својот живот од девет децении никогаш не почувствувала вакво насилство и дека била преплашена.
Како што е соопштено, Карам пристигнал во Шведска во 2015 година, а денеска бил осуден на пет и пол години затвор и му е наредено да биде депортиран во Сирија. Исто така, треба да плати и отштета од околу 7.000 евра.
Медиумите јавуваат дека Карам Кањо е осуден силувач, кој извршил најмалку 19 кривични дела пред да пристигне во Шведска во 2015 година.
Тој претходно бил осуден на две и пол години затвор за силување жена во 2021 година, но бил ослободен една година пред да му истече казната.
По депортацијата, Карам ќе добие доживотна забрана за враќање во Шведска. Кањо ја обжалил одлуката на судот да го депортираат, но официјалните лица кои одлучуваат за азил наведуваат дека тој „не воспоставил контакт со Шведска“ во сите овие години.
„Живее во лоши социјални услови, нема сопствено сместување, ниту работа“, рекле пред судот.
Карам на судењето рече дека доколку биде депортиран ќе биде подложен на тортура и нехумано постапување дома.