ВИДЕО: Манијак бркал луѓе по улица и ги гаѓал со ракети

Објавено: вторник, 2 јануари 2018 во 14:23
Spread the love

Германската јавност е огорчена поради снимката која се појавила на социјалните мрежи, а извршителите на инцидентот уште не се откриени.

Непознатите напаѓачи во Бон кон случајните минувачи испукувале ракети од автомобил во движење.

На снимката која некој ја снимил од прозор на зградата во близина, се гледа BMW од чие совозачко место се испалуваат ракети во луѓето кои бегаат.

“Изгледа дека снимката е автентична. Се сомневаме дека станува збор за црвено BMW”, рекле од полицијата.

Снимката се појавила во саботата на социјалните мрежи, а во полицијата велат дека никој ништо не им дојавил, што им е чудно. Во Германија голем број на безбедносни сили биле мобилизирани поради потенцијални терористички напади, а овој случај ги разбеснил јавноста и медиумите. За среќа, никој не настрадал.