Видео кое го потресе регионот: Деца ја испраќаат нивната мајка која заминува во странство
Сречко Кавка од Славонски брод споделил видео на својот Фејсбук профил, кое зборува за тажното секојдневие во Хрватска.
Упатил отворено писмо до премиерот Андреј Пленовиќ, но и потресно видео кое ги прикажува неговите деца на автобуска станица додека ја испраќаат нивната мајка која заминува во странство.
„Филмот трае некои 20 секунди, но 20 секунди поради кои пишувам, бидејќи за нас е многу стресно, а за мене мачно. Во автобусот кој заминува е една жена, мојата сопруга имајка на три деца, двете дојдоа на испраќање, а најстарото е на училиште. Нивната мајка за првпат во животот си заминува од нив за да работи во странство. Одалечена е 450 километри од дома, време на договорот 1-5 месеци, слободен ден еднаш неделно. Договорот не е спорен и затоа го прифатила. Но, децата знаат, ако издржи 5 месеци тогаш толку нема ни да ги види. Кога снимав го видов нивниот очај, не знаат што ќе биде, дали да плачат дали да мафтаат… Не знам што е полошо, тој ден кога дојдовме дома или денот после“, напишал Среќко.
Му се обратил и на хрватскиот премиер:
„Запознаени сме кој сѐ добива и како добива работа. Ано не си способен има работ надвор колку сакаш. Тоа е нивната парола. Погледнете господине Пленковиќ како децата се збогуваат, остатокот од снимката подобро да не го покажам. Желба ми е такви глетки во Хватска да нема, а на Вас????“, навел таткото.