ВИДЕО: Касапница при апсењето на познат наркобарон

Објавено: недела, 12 февруари 2017 во 13:11
Spread the love

Пeтнаесет лица се убиени по завршувањето на жестокиот напад на мексиканските фоки против еден од  најстрашните нарко картели во земјата – Белтран Леива, кој поради суровоста и злосторствата ги засенува и џелатите на ИД. Меѓу застреланите е и Хуан Франциско Барон, еден од најбараните барони.

Tој загинал заедно со 11-те свои следбеници кои имале намера да си ја вратат областа Синанола од конкурентниот клан. Подоцна во уште една акција се застрелани уште тројца насилници.

Во нападот врз Барон и неговите луѓе е користен и хиликоптер “Блек Хок”. Акцијата му послужи на претседателот Енрике Пена Нието да му покаже на Доналд Трамп, дека неговата земја се бори со наркокартели. Претседателот на САД објавi по нивниот остар разговор  дека на југ ќе испрати  армија за да се справи со сите лоши момци.