ВИДЕО: Касапница при апсењето на познат наркобарон
Пeтнаесет лица се убиени по завршувањето на жестокиот напад на мексиканските фоки против еден од најстрашните нарко картели во земјата – Белтран Леива, кој поради суровоста и злосторствата ги засенува и џелатите на ИД. Меѓу застреланите е и Хуан Франциско Барон, еден од најбараните барони.
Tој загинал заедно со 11-те свои следбеници кои имале намера да си ја вратат областа Синанола од конкурентниот клан. Подоцна во уште една акција се застрелани уште тројца насилници.
Во нападот врз Барон и неговите луѓе е користен и хиликоптер “Блек Хок”. Акцијата му послужи на претседателот Енрике Пена Нието да му покаже на Доналд Трамп, дека неговата земја се бори со наркокартели. Претседателот на САД објавi по нивниот остар разговор дека на југ ќе испрати армија за да се справи со сите лоши момци.