Видео: Камионџијата Андруш повторно „грми“ зад воланот!

Објавено: вторник, 12 јануари 2016 во 13:05
Spread the love

Неговите изведби на мaкедонските фолк песни од камионската кабина се уште се атрактивни за Фејсбук заедницата.

Камионџијата Андруш повторно се огласи објавувајќи ново видео од зад воланот на кое ја пее најновата дуетска песна на неговиот пријател, пејачот Наум Петрески со Јоце Панов – „Потроши“.

Можеби се уште не стигнал да го научи целиот текст, но на рефренот, Андруш грми.

На ова видео рамнодушен не остана ниту Наум, кој веднаш му напиша дека едвај чека повторно да се видат, да седнат на богата трпеза и да си запеат.