Свет

ВИДЕО: Извикувал „Алах акбар“ додека ги бодел луѓето

Мажот кој синоќа во центарот на Париз изврши напад со нож и при тоа уби едно лице, а повреди четворица, е роден во Чеченија во 1997 година.

Француските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека напаѓачот има француско државјанство.

Поради истрагата, родителите на напаѓачот се приведени.

Како што јави МИА, по синоќешниот напад, француската полиција го уби напаѓачот.

Тој извикувал „Алах акбар“ (Бог е голем) додека го извршувал нападот.

Поврзани вести

Back to top button