Свет

ВИДЕО: Исламист со албанско потекло со мачета и нож упаднал во полициска станица во Германија, постојано извикувал „Алаху Акбар“

Маж упаднал во полициска станица во Линц во Рајнската област во раните утрински часови и им се заканил дека ќе ги убие присутните полицајци, мавтајќи со нож и мачета. Тој бил совладан од специјалните сили, а како што соопшти пред малку јавното обвинителство на Кобленц, мотивите на напаѓачот биле исламистички.

Според соопштението, 29-годишниот со албанско државјанство се појавил во полициската станица во 02:40 часот (по локално време), држејќи мачета и нож и постојано извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем) додека кажувал дека имал намера да ги убие полицајците. Полицијата притрчала да го спречи натрапникот обезбедувајќи ги вратите за да не може да побегне и по кратко време го онеспособиле со помош на тејзер. 29-годишникот е полесно повреден.

Поврзани вести

Back to top button