ВИДЕО: Игра додека 10.000 пчели и го прекриваат телото
Сара Мапели се претопува со природата на несекојдневен начин, така што е во постојана интеракција со пчелите.
За да ги привлече најпрвин градите ги премачкува со феромониум која матицата го испушта за да ги контролира сите во кошницата. Потоа пчеларите ги ослободуваат пчелите, а тие полека го прекриваат нејзиното тело.
Јас сум како дрво над кое е огромен торнадо кој се повеќе се смалува додека пчелите слетуваат – вели Мапалиева.
Таа признава дека може да биде непријатно голото тело да го прекрие со илјадници вакви инсекти. Многу пати како што вели добила и убоди, меѓутоа таа сето тоа го гледа како еден вид на терапија.
Оваа уметничка, како што себе се нарекува исцелителка, заопчнала да користи пчелен отров и слични природни производи за лечење на своит еклиенти и верува дека е многу важно да се живее на такво единствено место со природата.
Додека игра со нив, таа предизвикува нешто што го нарекува медитативна атмосфера на движења, енергија и звук. Исто така, на овој начин се обидува да ја подигне свеста на лушето за тоа колку овие суштества се важни за нашата исхрана и колку е голема нивната улога во екосистемот.
Покрај тоа, мапалиева на своите клиенти им нуди и совети за тоа како можат да се заштита од овие инсекти.
Нејзиниот необичен и краток филм за своето интересно искуство привлекло внимание да биде објавено на National Geographic.