Свет

ВИДЕО: Херојска смрт: Руски војник загинал спречувајќи бомбаш самоубиец

Еден руски војник загинал во Сирија, кога се обидел да се спречи автомобил полн со експлозив да се разнесе во центар за дистрибуција на хуманитарна помош.

“Во провинцијата Хомс, на 15. јуни, војникот Андреј Тимошенков, кој го следел хуманитарниот конвој, спречил автомобил бомба да удри во центарот за помош на цивили”, стои во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува Russia Today.

Тимошенков се обидел да го сопре автомобилот со отворање на оган од мало вооружување. Бомбашот самоубиец потоа го активирал експлозивот во возилото и Андреј се здобил со повреди од кои подоцна починал.

И покрај тоа што лекарите од воената база Хмеим се бореле за неговиот живот, војникот починал наредниот ден.

Од крајот на септември минатата година, кога Русија ја започнала воената интервенција во Сирија, настрадале 11 руски војници.

 

Поврзани вести

Back to top button