ВИДЕО: Голема победа врз Исламската држава
Ирачките безбедносни сили денеска успеаја да навлезат во еден од клучните централни делови на градот Рамади, потиснувајќи ги припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Како што јави ДПА, преземањето на делот од Рамади во кои се наоѓаат зградите на државните институции, претставува голем успех за ирачките сили во нивните напори за потиснување на борците на ИД од овој град во западниот дел на Ирак.
– Безбедносните сили во мугрите навлегоа во населбата Хуз. Во моментов се водат жестоки борби со ИД во близина на владините згради, изјава портпаролот на полицијата во провинцијата Анбар, Јасер ал Дулајми.
Рамади е админстративен центар на провинцијата Анбар, која се протега на голема површина во западен Ирак, од границата со Саудиска Арабија на југ, до границата со Сирија на север.
– Борците на ИД се разбиени во Хуз и се кријат во неколку згради, Вложуваме сериозни напори да ги потиснеме од таму, изјави Ал Дулајми за ДПА.
Според него, во досегашните борби се убиени најмалку 20 припадници на ИД. Тој меѓутоа не соопшти податоци за жртвите во редовите на владините сили.