Свет

Видео: Го паркирал автомобилот среде народот и се разнел!

Бомбаш самоубиец се разнел во саботата во близина на болницата во сирискиот град Хомс, а тогаш биле убиени 16 и повредени 54 лица. Некои од повредените се здобиле со тешки повреди, а некои се во критична состојба.

Бомбашот самоубиец го паркирал автомобилот во кој имало 150 килограми експлозив сред народот и се разнел.

Терористот се вика Абу ахмед ал- Хомс, објави Исламска држава, а на интернет е објавена и видео снимка.

Нападот следува неколку дена откако Хомс, кој бил упориште на бунтовниците, одлучил да им се предаде на владините сили во замена за хуманитарна помош за настраданите жители.

Експлозијата била страшна. Делови од тела имало насекаде. Тоа била една од најголемите експлозии во Хомс- изјавила анонимна девојка ( 28) која била сведок на ова случување.

Нападот се случил во сирискиот град Хомс пред болница.

Поврзани вести

Back to top button