Свет

ВИДЕО: Германците се подготвуваат за борба против „секс-џихадистите“

На годишнината на ксенофобното движење Пегида (Патриотски Европејци против исламизацијата на Европа), 3.000 поддржувачи на групата се собраа во источниот град Лајпциг за да го искажат својотантиемигрантски став.

Во меѓувреме, група од 250 луѓе, кои германската полиција ги нарекува „хулигани“, и кои беснееја низ градот палејќи автомобили и кршејќи излози, ветија дека ќе се борат против таканаречениот „секс-џихад“.

„Муслиманските банди ни објавија војна во исто време во Келн, во Хамбург, во Штутгарт, во Билефелд и во други градови“, вели Татјана Фестерлинг, членка на Пегида.

„Никако не смееме да ги окарактеризираме овие напади, овој почеток на секс-џихадот против жените, како изолирани инциденти. Не, ќе има уште, ова беше само почетокот“, смета таа.

Расните тензии се зголемуваат во Германија, особено по новогодишните напади во Келн, кои според сведоците биле извршени од мажи од Северна Африка и Блискиот Исток. Во меѓувреме полицијата истражува низа напади врз странци поврзани со настаните што се случиле на 31 декември.

„Ова е многу алармантно, и ние го сфаќаме сериозно“, изјави портпаролот на полицијата на Лајпциг.

„Колку и да се одвратни злосторствата во Келн и другите градови, едно нешто останува јасно: нема оправдување за префрлање на вината врз сите странци подеднакво“, изјави германскиот министер за правосудство Хеико Мас.

Јавниот и политичкиот гнев поради кризата во келн и таканаречениот „секс-џихад“ е шири и во други земји, не само Германија, а се разгорува и реториката на источноевропските лидери кои сѐ уште го одбиваат предлогот на Европската комисија за распределба на емигрантите по квоти.

Според германските медиуми, словачкиот премиер Роберт Фицо изјавил дека емигрантите станале „заштитен вид“ во Германија.

Фицо побара вонредна средба на лидерите на членките не ЕУ за да се договорат засилени гранични контроли по нападите во Келн. Во меѓувреме и полската влада соопшти дека ќе одбие да прифати млади машки баратели на азил.

 

Поврзани вести

Back to top button