(ВИДЕО) Фантастично видео од Сонцето какво што до сега не сте виделе
Како би се прославила шестата година од телскопот „Solar Dynamics“, НАСА објави интересно видео во ултра висока дефиниција, направено од снимка на Сонцето во текот на една година.
Фотографиите од СДО телескопот научиниците ги проучуваат за да подобро го разберат комплексниот електромагнетен систем.
„Solar Dynamics Observatory“ ги надгледува ѕвездите и снима во десет различни невидливи ултравиолетови бранови должини.
Фотографии од Сонцето се правеле на секој 12 секунди.
Нараторот во видеото ги објаснува активностите во Сончевата атмосфера, нејзината корона и останатите појави на површината.
НАСА во септември сними торнадо на Сонцето. Постави соларна плазма, која под влијание на магнетска сила почна да се врти и потоа се издигна во воздух.
Ова торнадо траело 40 часа, помеѓу 1 и 3 септември, и било поголемо од Земјата, избувна 70.000 километри во височина, а температурата изнесувала неверојатно три милиони степени Целзиусови.