Свет

(ВИДЕО) Додик го „сруши“ на земја новинарот за прашањето дека патот „9 Јануари“ е провокација

Во емисијата која се емитува на телевизијата Н1 под името „Ен1на1“ претседателот на Република Српска Милорад Додиќ на провокацијата на новинарите им одговори во свој стил.

Кога водителот го запраша Додик „Дали автопатот Бања Лука – Добој ќе го добие името 9 јануар и дали е тоа уште едно враќање во минатото, односно, зошто Србите се провоцираат?“, видно изнервиран на ова Додик остро реагираше, изнесувајќи факти.

„Па ете, а вас не ви е провокација 1 март од Зеница до Сараево? Па улицата „Зелени беретки?“, запраша Додик

Тука не заврши, туку констатираше и дека постојат двојни аршини.

„Сега ние велиме „9 јануар“, тоа е провокација, а се што вие ќе кажете не е! Ќе се вика „9 јануари“, па кој сака нека патува по него, а кој не не мора“, изјави Додик.

Погледнете го видеото:

 

Поврзани вести

Back to top button