Исламската држава објавила дека дава 45.000 евра награда за главниот бугарски ловец на мигранти, кој лови илегални баратели на азил на границата со Турција.
Динко Валев и неговата банда одмаздници патролира на недостапната територија со тенкови, а понекогаш граничното подрачје околу градот Јамбол го пребаруваат јавајќи на коњи.
Кога ќе видат престапници, ги фаќаат и ги предаваат на полицијата.
Во својата земја станал толку славен што сега си дозволил и луксузен “Мерцедес С-Класа”, а повикан е да гостува и во реалното шоу “Големиот Брат”.
Седејќи во автомобилот, Валев рекол: “Фала му на Бога што добив можност да си го дозволам ова. Си посакувам возење без сообраќајни несреќи”, пишува британски The Sun.
Но, неговите дела го привлекуваат и вниманието на терористичките групи, кои сега ја сакаат главата на овој 29-годишен Бугарин.
Бугарските безбедносни служби го предупредиле Валев дека е главна мета, откако се појавиле неговите фотографии со фатените мигранти.
Исламската држава во својата порака го нарекува “лидер на паравоена единица која оперира на турско-бугарската граница заедно со уште десетина луѓе”.
Во пораката ветиле и награда, доколку со фотографија ја докажат неговата смрт.
Валев тврди дека прави сè во име на јавната служба и дека без фанови не би бил никој.
Бугарскиот одмаздник добил и поддршка од тамошниот премиер Бојко Борисов, кој рекол дека лично зборувал со Валев и му се заблагодарил.