(ВИДЕО) Деца крвнички се тепаат и ограбуваат низ цело Скопје, ќе има ли некаква реакција од полицијата
Последниве денови неколку деца низ Скопје се претепани и ограбени низ центарот на Скопје. Само за една вечер пријавени се најмалку три случаи и во сите нив младите насилници одзеле пари.
Банди од малолетници дивеат во центарот на Скопје, најчесто напаѓаат други тинејџери и им ги одземаат парите, покажува последниот билтен на МВР.
„На 10.02.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, М.Ш.(46) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, неколку малолетни лица со закана со остар предмет од неговиот син одзеле пари.
На 10.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(50) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат неговиот малолетен син од страна на неколку малолетни лица, при што му биле одземени пари.
На 10.02.2024 во 21.00 часот, во СВР Скопје, А.Р.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица и му биле одземени пари“ – се наведува во Билтенот на МВР, со забелешка дека се преземаат мерки за расчистување на овие случаи.
Истовремено на социјалните мрежи се појави видео од крвничко претепување на деца. Во описот на видеото пишува дека македонски деца се претепани во автобус 57-ца на пат за Радишани. Од МВР засега нема никаква реакција.
View this post on Instagram