Мистерии

(ВИДЕО) Армстронг испратил шокантна порака, НАСА ја цензурирала

Иако звучи како сценарио за научно – фантастичен филм, се повеќе и повеќе се зборува за голеиот број на тајните извештаи и записници од главниот центар на НАСА и астронаутите кои стапнаа на Месечината.

Интересни детали за доживувањата на астронаутите кои стапнаа на Месечината доаѓаат од интервју на неименуван професор co Нил Армстронг, кое настанало на симпозиум на НАСА.

Во ова интервју професорот го прашува Армстронг што навистина се случило таму, на што Армстрон одговара:

-Беше неверојатно … се разбира, секогаш знаевме дека постои можност… факт е дека бевме предупредени. Никогаш не стануваше збор за вселенската станица или град на Месечината”.

На прашањето на професорот што мисли со тоа дека биле предупредени, Армстронг одговорил:
„Не можам да ги откријам деталите, но можам да кажам дека нивните бродови беа далеку подобри од нашите, и по големината и по технологија. Изгледаа огромни и заканувачки…“

Во тајните извештаи, како што изјавил физичарот и професор по математика на московскиот Универзитет, Владимир Ажажа, постојат многу интервјуа и документи кои укажуваат дека астронаутите на Аполо, всушност, се соочиле со вонземски суштества и НЛО, кога ја истражувале површината на Месечината.

Нил Армстронг испратил порака дека има две големи, мистериозни летала кои ги набљудувале откако слетале на Месечината. Но, неговата порака јавноста никогаш не ја слушнала, бидејќи НАСА ја цензурирала.

Според повеќе извори, Армстронг тврдел дека на Месечината имало вонземјани, и дека на астронаутите им било наредено да заминат, а многу научници кои се занимаваат со истражувањата на Вселената тврдат дека тие дури имаат забележано и евидентирано чудни објекти и сите детали се пријавени во Контролата на мисијата, која пак намерно ги цензурирала овие информации, за да се спречи хаосот и паниката меѓу жителите на планетата.

Поврзани вести

Back to top button