Македонија

ВИДЕО: Апсењето на вандалите кои го поставија албанското знаме – Двајца инспектори повредени

Вчера во 15,55 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Р.Македонија од јарболот лоциран на ул.Гоце Делчев и поставуваат знаме на Р.Албанија.

При обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди. Во дејствието две НН лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Оттаму додаваат дека со настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот.

СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.


Поврзани вести

Back to top button