„Ви пречи парадата на бадникарите а не ви пречат халовин, геј и парадата на црвените чадори“
Изминативе неколку дена, во јавноста се крена голема прашина околу евентуалната злоупотреба на деца во верски настан, литија низ скопските улици по повод бадник и пеење на бадникобата песна од страна на преку седум илјади дечиња.
Со своја реакција, на социјалните мрежи се јавија многумина, го сметаат дека децата се злоупотребени, односно без согласност од родителите били изнесени на улица.
Со свој демант на ваквите шпекулации се јави здружението кое го организираше овој настан, со напомена дека за секое дете – учесник, имале согласност од нивните родители. И тука се чини дека дилемата околу некаква злоупотреба завршува.
Сепак, препукувањата и револтот на социјалните мрежи не стивнаа. Во продолжение, прочитајте го фејсбук статусот на свештеникот од МПЦ, отец Горан Стојчевски, кој помалку револтирано им одговори на противниците на идејата за масовно прославување на Христовото Рождество:
“Халувин – може,
Априлијада – може,
Црвени чадори – може,
Парада на гадоста и тоа можело,
Ден на дрво – и тоа може,
Деца кај претседателот, премиерот, градоначалникот, началникот… и тоа можело,
– Деца во Бадникарски поворки и при Христа, е тоа не можело.
И зошто? Затоа што едноставно не веруваат дека Бог стана човек, за човекот да стане бог од Бога, низ Бога и во Бога.
Робовите на секуларузмот се обични адвокати на ѓаволот едноставно го знаат и познаваат само системот во кој секоја човечка активност дури и верата треба да се регулира со закон, освен лажењето, крадењето, прељубодејството, посакувањето на туѓото, лажното сведочење, почитувањето на родител.
Системот е секогаш тука кога лагата сака да ти ја претстави како вистина, и тоа со Закон.
Нема компромис помеѓу верувањето во Христа како живот вечен, и верата дека смртта е природна работа.”