Свет

Утврден индентитетот на момчето од видеото на ИД

Момчето кое се појавува во најновото видео на Исламската држава, во кое тој говори како џихадистите ќе ги убијат неверниците, е син на Британка која преминала во ислам и се придружила на радикалната организација ИД, јавуваат британските медиуми.

Припадниците на Исламската држава изминатиот викенд објавија снимка во која екстремисти кои зборуваат со британски нагласок убиваат петмина Британци кои наводно ги шпионирале ИД, пренесува Танјуг.

Во една од погрозоморните сцени, се појавува момчето, кое исто така зборува со британски акцент, и се заканува дека ќе ги убие сите кои не се муслимани.

Во видеото потоа се прикажува убиството на петемина Британци, во кои е пукано од близу, директно во главите.

„Индепендет“ пишува дека момчето на снимката е Иси Даре, син на Британката со нигериско потекло Грејс „Кадија“ Даре од Лондон.

Таткото на Грејс, за британски „Телеграф“ потврдил дека се работи за неговиот внук.

Минатата година Грејс Даре прикачила фотографија на Твитер на која момчето држи калашњиков, поголем од него.

Грејс Даре пораснала во католичко семејство од нигериско потекло, а се верува дека е блиско поврзана со убијците на британскиот војник Ли Ригби во 2013 година.

Британката Грејс отпатувала во Сирија во 2012 година и се омажила за Абу Бакри, за кој се верува дека во меѓувреме загинал.

Освен Иси, Грејс има уште еден, помлад син Абдур Рахман.

Британката која се омажила во Сирија, своевремено потенцирала дека сака да стане првата жена која во име на ИД некому ќе му ја отсече главата, наведуваат британските медиуми.

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера ја видел снимката на ИД и за неа нагласил дека е очајнички потег, пренесува Танјуг.

Поврзани вести

Back to top button