Избор на уредникотМакедонија
Уште еден наставник фатен со „бело“
Битолската полиција вчера го привела 54 годишниот В. А. од Прилеп. Кај него е пронајдена бела грутчеста материја, информираат од МВР.
Инаку уапсеното лице работи како наставник во основно училиште. Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат од СВР Битола.
Пред неколку дена во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога.