Македонија

Уште еден британски дипломат лобира за Голема Албанија

Поранешниот политички комесар во амбасадата на Обединетото Kралство во Скопје, Тимоти Лес, пред само неколку месеци предложи федерализација на западна Македонија, а потоа и сецесија на „албанските територии“, а веќе се намножија таквите предлози. По земјотресот на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, кој рече дека Македонија не е држава и оти нејзината територија треба да ја поделат соседите, а најмногу да земат Kосово и Бугарија, сега се огласи уште еден Британец – Ајвор Робертс, поранешен амбасадор во Југославија, пишува Дневник.

Ако сега се следи реториката на Британците и на Американците за Балканот, испаѓа дека она што Лес го предложи за Македонија и не е гром од ведро небо, туку дека најверојатно одредени влијателни кругови се обидуваат да ја протнат идејата за прекројување на границите на Балканот. Во заднината не се само британските сфери на влијание, туку и с` помоќната Русија на меѓународен план како и нејзиното влијание и на Балканот, особено во Србија, а тоа на англосаксонската оска не ~ се допаѓа.

Робертс, кој во 90-тите години на минатиот век беше амбасадор во Белград и ги водеше преговорите меѓу Србите и Бошњаците во име на Дејвид Овен и Kарл Билд, а сега е директор на „Тринити-колеџот“ од Оксфорд, изјави дека „Србија и Kосово треба да разменат територии“ затоа што тоа, според него, е единствен начин да се постигне траен мир и стабилизирање на односите, пишува Дневник.

Завчера на Лондонската школа за економија Робертс ја претстави книгата „Разговори со Милошевиќ“, при што тој, како што пренесува БИРН, рекол дека мултиетничките држави се идеал, но оти во пракса „размената на Прешевската Долина во Србија за територија на Kосово северно од реката Ибар можеби би бил единствен начин да се стабилизираат односите и да се обезбеди Србија да го признае независно Kосово“.

Прашан што етничката размена на територии би значела за остатокот од регионот, особено за Македонија и за Босна, Робертсон вели дека сецесијата на Република Српска од Босна тешко ќе се реализира имајќи ги предвид амбивалентноста на Србија кон таа идеја и силното противење што таквата идеја би го предизвикала кај Бошњаците. Во извештаите од настанот нема одговор на Робертс за Македонија.

Инаку, сер Робертс „за репресијата врз Kосово“ разговарал со Милошевиќ, но тој признава оти тоа прашање е многу постаро, односно датира од 1913 година. Со Лондонската конференција се востановени границите на Балканот со кои половина од албанската популација е оставена да живее надвор од албанската држава, смета британскиот дипломат.

Инаку, и дипломатот од понизок ранг, Тимоти Лес, е на слично гледиште како и Робертс кога е во прашање мултиетничноста на Балканот, нешто што е со векови специфика на тој регион. Лес отворено побара поддршка од естаблишментот на САД да ја поддржат идејата за нови граници на Балканот, односно напуштање на мултиетничноста како пропаднат модел и формирање национални држави. Така според Лес, би се формирала „Голема Албанија“ со тоа што би се споила со Kосово и би зела територии од Македонија, Јужна Србија и од Kосово.

А, пред само неколку дена и Американецот со германско потекло, Дејна Рорабакер се извини што Македонија не била држава и рече дека таа треба да се подели меѓу Kосово и Бугарија и некои други заинтересирани соседи. (Х.И.)

Kосово како Пандорина кутија

Ајвор Робертс во 2007 година во една своја анализа имаше слично образложение за Kосово. Според него, решението за српско-косовските проблеми е поделба на територијата на Kосово. Интересно, но на интернет има податок дека Робертс во 2008 година се противел на признавањето на независноста на Kосово затоа што тоа ќе ја отвори Пандорината кутија, пред с`, мислејќи на сферите на влијание на Русија, како, на пример, во Грузија и во Украина. Тој предупредува на замрзнатите конфликтни подрачја, како Јужна Осетија и чекорите што може да ги преземе Москва повикувајќи се на интервенцијата на Западот во Kосово и создавањето косовска држава.

Во врска со независноста на Kосово, пак, Робертс има изјавено дека ништо не може да го спречи да се спои со Албанuја како израз на волјата на две независни држави да стапат во унија

Поврзани вести

Back to top button