Свет

Убиен Албанец, командант во терористичката ИД

Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“.

Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД.

Се смета дека командантот на ИД е странец од Албанија, дека е предводник на одбраната на овој фронт на Еуфрат против сириските демократски сили, наведуваат локалните медиуми, без да бидат наведени други детали.

Во Сирија и Ирак, во редовите на ИД се приклучија околу 150, а на тамошните боишта убиени се над 20 албански државјани.

Поврзани вести

Back to top button