Свет

Уапсен зашто појадувал во ресторан со жена

ЗАБАВАЕгипќанец уапсен во Саудиска Арабија зашто појадувал во ресторан со женаОбјавено пред 2 часа – 10 септември, 2018Од Mak Fax

Египќанец е уапсен во Саудиска Арабија кога се појави видео на „Твитер“, на кое се гледа како тој и некоја жена појадуваат заедно. На видеото може да се види како човекот, со египетски дијалект, појадува во друштво на жена, на која ѝ е целосно покриено лицето, за која многумина претпоставуваат дека е Саудијка.

Овој настан е во спротивност на законот на Саудиска Арабија, каде што на работните места или ресторани, како „Мекдоналд“ и „Старбакс“, семејства и самци мора да седат на различни места. Жените мора да седат одделно од мажите.

Не им е дозволено да вежбаат без придружба на нивните машки партнери, обично тоа е таткото или сопругот, но може и брат или син.

Човекот е уапсен од страна на Министерството за труд и социјален развој, кое го обвини дека сторил неколку прекршувања на законот.

Поврзани вести

Back to top button