Уапсен Александар Нешиќ, еден од најголемите дилери на дрога во Бразил (ВИДЕО)
Еден од најголемите европски шверцери на дрога е уапсен во Бразил за време на операција на Федералната полиција. Бразилските медиуми јавуваат дека станува збор за Александар Нешиќ, кој во нарко кланот го зазеде местото на неговиот татко Горан Нешиќ, кој во 2018 година беше екстрадиран во Србија.
Бразилските медиуми јавуваат дека таткото и синот биле испратени во Бразил од балканската мафија, со која командува Дарко Шариќ.
Во пракса, криминалната организација „Примеиро Командо да Капитал“ (ПЦЦ) испраќа кокаин во Европа, каде што го примаат групи поврзани со италијанската мафија во регионот на Калабрија, „Ндрангета“, одговорна за логистиката за пренесување на дрогата во Источна европските земји. Дури потоа им се дели на Србите.
Истрагата започна кога од бразилски рибарски брод во близина на брегот на Африка беа запленети 5,5 тони кокаин. Потоа следеше уште една заплена на 2 тони дрога во меѓународни води.
Кокаинот што го праќале Србите го земале рибари вработени во Гуаруџа. Според медиумите, токму Александар Нешиќ преговарал со СПЦ и ја координирал логистиката.
И покрај тоа што се смета за еден од најголемите дилери на дрога во светот, тој претходно беше затворен на година и половина поради возење под дејство на алкохол, нанесување телесни повреди и непочитување на власта.
Како што соопшти вчера Министерството за внатрешни работи на Србија, во меѓународна акција спроведена како дел од оперативната работна група на Европол „Балкански картел“, во Бразил се уапсени 16 лица, членови на организирана криминална група обвинети за трговија со кокаин, меѓу кои и Српски државјанин за кој постои причина да се сомнева дека е водач на оваа група.