„Турција покажува немоќна злоба“
– Изјавите на Анкара почнуваат да личат на немоќна злоба, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Со овие зборови претставничката на дипломатската централа на Москва му одговори на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Тој ги обвини руските војници распоредени на северната сириска провинција Латакија, за етничко чистење.
– Војниците на Русија се борат против нашите сонародници кои живеат таму и арапите-сунити. Москва има цел да ги смири противниците на режимот во Дамаск на чело со Башар Асад, рече премиерот во Анкара.
„Со добро вино оди и добра музика и добро друштво и обратно“ и овојпат „коцките се склопија“.
Захарова од своја страна ги отфрли обвинувањата кои беа упатени кон нејзината земја.
– Ова се недостојни изјави, обвинувањата се неосновани. Последните зборови на премиерот на Турција се повеќе и повеќе почнуваат да личат на манифестација на немоќна злоба, категорична беше таа.