Целиот свет ѝ се смее на богаташката која се посрамотила пред 3.000 луѓе
Британската богаташка и претприемничка Мишел Моне, го направила веројатно најголемиот гаф во својата успешна кариера.
Моне основала сопствен бренд на долна облека, со што се вброила меѓу најуспешните британски претприемнички, а токму поради тоа била поканета на конференција во Виетнам, каде држела предавање пред околу 3.000 луѓе.
На бината при излегувањето ѝ се приклучило “дете” кое ѝ предало букет цвеќе, а таа го земала во рацете за да се фотографира со него.
Меѓутоа, во тој момент една жена од првиот ред повикала: “Спушти го, тоа е мојот сопруг”.
Тогаш Мишел Моне станала свесна дека во рацете не држи дете, како што мислела, туку возрасен маж со мал раст
“Изгледа дека не му пречеше, а целата сала врискаше од смеа. Помислив дека нешто не е како што треба, неговите заби беа многу жолти од никотин”, рекла таа за Daily mail.
Моне и самата се пошегувала на своја сметка на Твитер: “Најнепријатен момент во историјата. Зборував во Виетнам пред 3.000 луѓе, мислев дека станува збор за 6-годишно дете, го кренав во раце, а тој да ти бил маж”.