Избор на уредникотСвет

Трамп: Третата светска војна никогаш не била толку блиску, конфликтот мора да се реши

Соединетите Американски Држави треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на властите во Киев, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот на неговите приврзаници на Флорида.

Трамп исто така повтори дека ќе успее да го реши конфликтот во Украина за 24 часа.

– Милијарди, стотици милијарди долари не треба да се прелеваат во Украина. Конфликтот треба веднаш да се реши. Мислам дека би можел да го решам тоа прашање за 24 часа. Но, натамошното одлевање пари значи одложување на разрешувањето на ситуацијата. Тоа одложува многу работи, но предизвикува и да убиваат се повеќе луѓе секој ден. Тој конфликт би можел да го решам за еден ден, изјави поранешниот американски претседател.

Тој тврди дека Русија никогаш не би започнала „операција“ во Украина доколку неговата администрација беше на чело на Америка.

Трамп вети дека, доколку биде реизбран за претседател, „во истата вечер“ телефонски ќе ги повика рускиот лидер Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретнат и да го решат конфликтот во Украина, пренесува Спутник.

По повод годишнината од руско-украинската војна, Трамп на својата официјална веб-страница објави и видео во кое изјави дека „трета светска војна никогаш не била толку блиску“.

А покрај другото рече и дека тој е единствениот претседател кој не започнал војна со генерации.

Поврзани вести

Back to top button