Свет

Трамп ќе брка 11 милиони странци без документи

Американското Министерство за внатрешна безбедност денеска ги објави новите наредби, кои претставуваат почеток за поширока акција против нелегалните имигранти, со што ќе бидат опфатени речиси 11 милиони странци без документи.

Во двата меморандуми, кои ги потпиша секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели, се посочува дека граничната патрола и имиграциските претставници во најкус можен рок ќе ги депортираат сите нелегални имигранти, со неколку исклучоци кога станува збор за деца.

Насоките претставуваат план за имплементација на извршните наредби за граничната безбедност и миграција, што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша на 25 јануари.

Во насоките на Министерството се наведува дека ќе останат заштитните одредби за имигрантите кои нелегално влегле во САД како деца, но нема да се однесуваат на сите други илегални имигранти.

Неименувани претставници на Министерството изјавија дека иако секој имигрант кој нелегално претстојува во САД може да биде депортиран, приоритет ќе бидат тие кои претстaвуваат закана. Пред се за лицата кои неодамна влегле во САД, осудени злосторници и лица против кои е подигнато обвинение за некое злосторство, но се уште не се осудени

Поврзани вести

Back to top button