Избор на уредникотСвет

Трамп: Единственото нешто што згрешив е што ја победив расипаната Хилари“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател е фатен во политички скандал, откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен и поранешниот менаџер на кампањата, Пол Манафорт, беа прогласени за виновни за прекршувања на правилата за финансирање кампања.

Коен, кој ги призна обвинувањата за банкарска измама, даночни измами и прекршоци во финансирање на кампањата за време на претседателските избори во 2016 година, посочи дека Трамп ги исплатил Сторми Даниелс и Карен Мекдугал.

Во интервјуто за Фокс&френдс Трамп вели дека плаќањата ги извршил со свои пари и инсистира дека тоа не било прекршување на кампањата.

Тој им рече на водителите: „Јас ги дадов тие пари. И објавив твит за тоа. Но тие пари не дојдоа од кампањата“, но додаде дека тој дознал за плаќањата дури „подоцна“.

При давањето изјава, Коен не ги именуваше двете жени, па дури ни Трамп, велејќи дека работел со „неименуван кандидат“.

Меѓутоа, сумите и датумите се совпаѓаат со наводните 130.000 долари што ѝ биле исплатени на Даниелс и 150.000-те долари што отишле кај моделката на Плејбој Мекдугал, за тие да молчат во месеците пред изборите во 2016 година.

Претседателот подоцна повторно се врати на Твитер за да се брани поради скандалот и напиша: „Единственото нешто што го направив погрешно е што победив на изборите на кои се очекуваше да победат расипаната Хилари Клинтон и демократите. Проблемот е во тоа што тие заборавија да водат кампањи во многу држави!“

Последниов пост е одек на претходното негодување на претседателот кога случајот Манафорт го нарече „лов на вештерки“.

Трамп го бранеше својот поранешен менаџер на кампањата, кој беше прогласен за виновен за осум финансиски кривични дела.

Тој напиша на Твитер: „Многу ми е криво за Пол Манафорт и неговото прекрасно семејство. ‘Правдата’ зеде 12 години стар даночен случај, меѓу другото, изврши огромен притисок врз него и, за разлика од Мајкл Коен, тој одби да ‘попушти пред притисокот’ – измислувајќи приказни за да добие ‘договор’. Огромна почит за еден храбар човек!“

Во средата Трамп го нападна Коен со остар твит: „Ако некој бара добар адвокат, силно би сугерирал да не ги барате услугите на Мајкл Коен!“

Поврзани вести

Back to top button