Живот

Трагична исповед: Имам милиони во банка, но не можам да купам здравје да си го спасам животот

 “Никогаш не било доволно. Имам 78 години и верувам дека не ми останало уште многу време. Имам милиони долари во банка, но не можам да купам здравје, да го спасам својот живот. Имам семејство и милиони фанови ширум светот, но сега сум сосем сам. Го живеев својот живот на погрешен начин и не сакам тоа да ви се случи и вам, ја започнува приказната Морган Фримен.

“Послушајте ме и преземете нешто ако сакате да ја промените вашата иднина.

Би сакал мене додека бев млад, некој да ми го раскажел она што ќе ви го кажам вам.

Парите сами по себе не се зло. Тоа е само хартија со проценета вредност кои ни овозможуваат да дојдеме до други работи кои ги сметаме за вредни. Ако парите не се зло, што се? Злото е несвесна,  опсесивна и морална страст.

Злото е бездушна опсесивно-компулсивна потрага по чупот полн со злато, кој не постои. Злото е кога имаме етикета на срце и душа кои ги менуваме за финансиски успех по секоја цена. Зло е кога пробуваме да купиме среќа и одново, да не бидеме свесни дека тоа е само илузија која еден ден ќе ја снема.

Замислете дека имате се, а потоа сето тоа го изгубите. Замислете дека сте шворц. Немате ни ронка пари. Единственото решение за ва е да набавите уште пари. Нема ништо што создава лажна среќа. Кои сте вие сега?

Каде се сега сите оние луѓе кои сте ги сметале за пријатели додека сте имале пари?

Оние кои не биле со вас заради пари, веќе одамна сигурно ве напуштиле, мислејќи да сте егоцентричен кретен.

Можете да се промените веќе денес доколку ја редефинирате вашата верзија за успехот. Можете да ги трансформирате вашите оштетени  чувства, односи и да заработите пари. Можете да си опростите себе си и на оние кои ве повредиле. Можете да станете лидер кој ќе им помага на другите.

Можете да ги избалансирате приоритетите во животот. Можете го исцелите својот брак и да створите посилна љубов отколку што сте мислеле дека е возможно. Можете да станете најдобри родители на светот, но немојте да чекате да дојдете во моите години. Секогаш можете да заработите уште пари, но никогаш нема да можете да го вратите времето.

Сите ќе умреме еден ден. По што сакате да се сеќаваат на вас? Што можете да направите да би го направиле светот поубаво место? Која е вашата цел?

Сите умираме, но само мал број од нас навистина живеат.

Можете да излезете од сенка на светлост. Створени сте за големи работи”

Поврзани вести

Back to top button