Македонија

Трагедија во Скопје: Осумгодишно дете почина по напад од куче

Вистинска трагедија се случила синоќа во скопската населба Пинтија, во Кисела Вода, откако осумгодишно дете почина по напад од куче. Трагедијата се случила откако детето се приближило до дворот каде што го чувале кучето од расата Бул Мастив, по што било нападнато.

Детето со тешки телесни повреди е префрлено во Градската општа болница каде починало.

-Вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

На местото на настанот бил излезен јавен обвинител, како и екипи на МВР. Кучето е во сопственост на приватно лице, за што има и соодветна документација.

Поврзани вести

Back to top button