Свет

Терористичките напади во Германија се прашање на време

Не е прашање дали туку кога, смета Маркус Каим од германскиот Институт за меѓународни и безбедносни студии во врска со веројатноста од терористички напади во Германија. Со него се согласуваат и голем број димплмати, разузнавачки аналитичари и полициски претставници пренесува телевизиската мрежа ЦБС.

Според Каим чиј институт ги советува Владата и Парламентот во Берлин, Германија е ранлива како и Брисел, Париз и Лондон. Причините се учеството на земјата во воената операција против Исламската држава.

Еден од проблемите зошто Германија е ранлива е уставната пречка војската да учествува во домашни безбедносни проблеми, со што полицијата е и прва и последна линија на одбраната од тероризмот, смета Ернст Г. Валтер, претставник на полицискиот синдикат.

– Ни требаат модерни оружја, заштитни елеци за пукање од калашњиков. Имаме многу старо оружје. Некои од автоматските оружја се стари 50 години, вели Валтер.

Според него во Германија има околу 850 повратници од фронтовите во Сирија и Ирак со обука за користење на оружје а покрај нив има и други лица за кои властите немаат соодветни информации.

Според анализите на експерите, Германија и целата ЕУ се соочуваат со два вида закани, непроверената имиграција и можноста нуклеарен материјал да дојде во погрешни раце. Минатата недела Агенцијата за контрола на границите на ЕУ, Фронтекс објави дека не може целосно да го контролира приливот на илегалните мигранти бегалците чија бројка е најмалку 1, 82 милиони само во текот на 2015 година.

Една од најголемите закани со кои се соочуваат западните безбедносни агенции е опасноста од таканаречените „валкани бомби“.

Оваа опасност стана реална откако белгиската полиција откри 10 часа долг видео материјал од нуклеарна постројка која што ја снимиле членовите на ИД во Брисел. Според анализите целта на напаѓачите била да дојдат до радиоактивен материјал со кој би направиле „валкана бомба“.

Според германските експерти не е можна стопроцентна заштита и безбедност. „Да го земеме на пример Берлин, како е можно да се обезбеди трговски центар“, прашува Валтер во анализата на ЦБС. Заклучокот на контраразузнавачите е дека часовникот отчукува за Западна европа а заканата нема да чека полицијата да добие подобра опрема и технологија.

– Терористите од 70-те и 80-те години на минатиот век како групата Бадер – Мајнхоф во Германија има јасни цели, политичари и економски функционери. Ова сега е различно, Овие терористи едноставно креваат во воздух обични луѓе, заклучува Каим.

Поврзани вести

Back to top button