Tajните на луѓето кои никогаш не се разболуваат
Има луѓе кои се разболуваат од секој грип или вирус и имаат различни автоимуни и хронични болести, а други кои боледуваат еднаш на неколку години и тоа најмногу од блага настинка.
Еве и изненадувачки тајни на луѓето од вториот тип, на кои повеќето од нас тајно завидуваат:
1. Тие имаат добри нивоа на витамин D и витамин B
Недостатокот на витамин D може да доведе до колапс на имунолошкиот систем. Овој витамин е клучен за функциите на многу ткива. Всушност, научниците откриле дека тој регулира речиси 3.000 гени. Истражувањата докажуваат дека тој помага за намалување на ризикот од рак, кардиоваскуларни болести, дијабетес, Алцхајмерова болест, хипертензија и депресија. Витамин В пак помага во производството на бели крвни зрнца и антитела кои го зајакнуваат имунолошкиот реакција.
2. Тие вежбаат редовно
Луѓето – спортски натура, се помалку склони кон инфекции на горните дишни патишта.Всушност, вежбите подобруваат циркулацијата на имунолошките клетки во крвта.
Физичката активност помага да се неутрализираат патогените во целиот организам.Истражување открија дека спортот го намалува ризикот од десетина болести, вклучувајќи рак, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, депресија и деменција.
3. Тие имаат оптимизирани нивоа на лептин и инсулин
Конзумирањето на житна и слатка храна помага за покачувањето на нивото на инсулин во крвта, што пак нè тера да се разболуваме побрзо и често, и доведува до предвремено стареење. Хормонот лептин се произведува од масните клетки и е поврзан со процесот на стареење. Односно, ако сакате да живеете поздраво и подолго, намалете со тестенините и слатките јадења и не го качувајте вишокот килограми.
4. Тие се хранат со повеќе сурова храна
Многу луѓе не се свесни дека околу 90% од нашата храна е обработена. Не е изненадување дека хемиските промени во храната можат да предизвикаат разни болести. Затоа хранете се паметно и пробајте да конзумирате повеќе сурово овошје и зеленчук, органски одгледани меса и млечни биопродукти.
5. Тие се справуваат со стресот поефикасно
Стресот е сериозна хронична болест која игра главна улога за нашето заедничко здравје. Истражувањата покажаа дека стресот штети на срцето и имунолошкиот систем. Тој исто така ги зголемува шансите за бактериски инфекции. Наоѓаат начини да се ослободуваат од напнатоста преку спорт, медитација, практикување на некакво хоби и др.
6. Тие имаат балансиран pH
Според лекарите, практичари на алтернативната медицина, човечкото тело е здраво, кога има рамнотежа меѓу алкалната и киселата средина во организмот. Ниските нивоа на pH (премногу кисела средина) можат да предизвикаат ацидоза, дезориентација, отежнато дишење, стомачни проблеми и замор. За да не бидеме “кисели” фигуративно, треба да одржува рамнотежа и преку конзумирање на соодветна храна.
7. Тие се опкружуваат со повеќе пријатели
Социјално изолираните луѓе се болни и како целина имаат повеќе здравствени проблеми.Истражувањата покажуваат дека луѓето опкружени со повеќе пријатели и блиски, живеат здраво и среќно.