Свет

Светот наскоро добива нов Дубаи

Малата африканска држава има големи планови, а дали ќе ги оствари ќе покаже времето. 

„Џибути 2035“ е име на новиот проект, кој би требало да биде реализиран за 20 години. До ’70-те години од минатиот век, кога оваа земја беше француска колонија, таа беше неразвиена. Од стекнувањето на независноста постојано го користи своето стратешко значење, така што во меѓувреме стана една од најголемите и најважните пристаништа во светот.

Пејсажот на Џибути е речиси ист како тој на Дубаи, така што оваа земја не е погодна за земјоделство. Затоа и останува еднинствено инвестирање во инфраструктура, во која според планот ќе бидат вложени 19 милијарди долари. Најважна работа за туристите ќе биде новиот аеродром, 30 пати поголем од постоечкиот. Моментално Џибути секоја година бележи посета од два милиона туристи од африканскиот континент.

Што се однесува до доаѓањето на туристите, не би било чудно планот да успее, бидејќи оваа земја има многу да понуди. Особено е актрактивно езерото Асал, кое воедно е и најниска точка на Африка (155 метри надморска височина), но и најсолена светска површина. Температурите тука достигнуваат неверојатни 57 степени Целзиусови, а водата е десет пати посолена, отколку во кој било океан. Ова место изгледа импресивно, а количината на сол на брегот ќе го импресионира секој посетител.

Вреден за посета е и главниот град, Џибути Сити, но и Таџуру, еден од најстарите градови во Африка, познат по мошне специфичната архитектура. Во близина се наоѓаат и два вулкана, Манда Инакир, кој последен пат еруптираше пред околу 80 години и неактивниот Муса Али.

Секако, со оглед на тоа дека Џибути е „морска“ земја, тука во изобилие ви се нудат морски активности како капење, подводен рибилов, нуркање…Брегот покрај Црвеното Море е долг повеќе од 300 километри.

Поврзани вести

Back to top button