Светиот свештеномаченик Еротеј, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа
Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој штo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.
Тропар
О Еротее свет епископе, Господ подари умиление на срцето твое, Пресветата придружник на Нејзината свита те постави, моли се за нас, пастиру на овците словесни, пред твоите страдања да се поклониме, и да не заборавиме дека во Бога едно треба да бидеме, за да по твоите молитви добиеме спасение.
Свети Стефан Штиљановиќ
Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки прилики, борејќи се храбро против Турците и Латините. Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со Св. Александар Невски или со Светиот крал Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина, според која и се пронајдени неговите Свети мошти, кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на Св. кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив, се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.
Тропар
На земјата премудро си стекнал слава, богатството твое на Господа предавајќи го, и Он меѓу небесните жители те насели. Телото твое, светителу, на земјата го сочува нераспадливо, зашто со целомудреност и чистота праведно си поживеал. Затоа во твојата слобода, моли Го Господа да нe спаси, свети Стефане.
Преподобен Амон
Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја, но тој не сакаше да живее со жена му како со жена, туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом, а Амон отиде во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг. Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и проѕорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син за да го излечи со молитва. Но Амон никако не сакаше. По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ? го на онаа вдовица (и ? го кажа името) волот што ? го украдовте и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа проѕорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога и детето оздраве. Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото“.
Тропар
Пустината очи ти избистри, аво Амоне свети, а девственоста пат отвори кон Благодатта Христова, подвиг на подвиг додавајќи, ангели привлече да послужат на ревноста твоја, од која плодови делеше со отците пустински, о подвижниче. Сега за нас моли се, Антоние сотрудниче, ангелов собеседниче, по твоите молитви спасение да најдеме.
Преподобен Павле Препрости
До својата шеесетта година живееше во светот како оженет човек. Кога ја затекна својата жена во грев, остави с ? и отиде во пустината кај Св. Антониј, па се замонаши кај него. Иако беше прост и некнижевен, достигна такво духовно совршенство што ја гледаше душата на секој човек како што обичните луѓе ги гледаат човечките тела. Беше и голем чудотворец, па во некои случаи и го надмина Св. Антониј. Се упокои во длабока старост, во 340 година и влезе во радоста на ангелите.
Тропар
За цврст столб ја приви душата твоја, о Павле велик, за уште поцврст бедем срцето го приклони, волјата отсекувајќи ја. Се оневести за стравот Божји и мудроста ја придоби со која Он те обдари, во простота на верата, од која бесот согорува. Моли се за нас, тврдино несоборлива, пред Христа Господа, со Кого срце свое исполни.