Македонија

Света литургија за празникот Благовештение на Пресвета Богородица

Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7-ми април, петок, во катедралната црква „Св. Софија“, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение на Пресвета Богородица.

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.

Поврзани вести

Back to top button