Студенти од Нигерија каменувале и запалиле колешка христијанка (ВИДЕО)
Студентка од северна Нигерија, Дебора Јакубу, која е христијанка, била убиена кога толпата ја каменувала, претепала и ја запалила затоа што наводно објавила богохулни изјави против муслимнскиот пророк Мухамед, соопшти нигериската полиција.
Студенти од Нигерија каменувале и ја запалиле својата колешка христијанка. Таа беше опкружена со колеги студенти и линчувана до смрт во четвртокот, објави Си-Ен-Ен од локалната полиција од сојузната држава Сокото во северозападна Нигерија, а училиштето во кое таа одеше во моментов беше затворено.
„Учениците насилно ја извлекле од собата за обезбедување, каде што наставниците ја криеле, ја убиле и ја запалиле зградата“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на полицијата, Сануси Абубакар.
Гувернерот на Сокото Амину Тамбувал издаде наредба за затворање на училиштето и му нареди на Министерството за високо образование и безбедносните агенции да го истражат инцидентот.
Гледајте го Линчот и ужасната смрт на Дебора Јакуб ТУКА.