Uncategorized

Страшна инвазија на скакулци во Африка (ВИДЕО)

Инвазијата, за која што Организацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО) вели дека е најлоша во последните 25 години, може да доведе до изгладнување ако не биде итно спречена.

Регионот на Источна Африка, кој е мачен од суши, поплави и судири, веќе доживува високи нивоа на недостаток на храна, со 19 милиони луѓе на работ на гладта.

Пустинскиот скакулец е еден од најопасните номадски инсекти на светот, а ројот од еден квадратен километар може да изеде храна колку што би изеле  35.000 луѓе за еден ден, предупредува Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарна помош (ОХА).

ФАО проценува дека ројот од 2.400 квадратни километри во Кенија може да содржи над 200 милијарди скакулци, од кои секоја јаде храна колку својата големина (два грама), што на крајот на денот изнесува 400.000 тони храна секој ден.

Густи облаци од гладните инсекти се раширија од Етиопија и Сомалија до Кенија, каде што само еден од роевите достигнува големина колку Луксембург. Скакулци се движат со брзина од 150 километри на ден, уништувајќи ги руралните домаќинства во немилосрдна трка за храна.

Поврзани вести

Back to top button