Стоилковски: Багра која себе се идентификува со Шкупи и Шверцери со ножеви напаѓа деца за 200 денари!
Багра која себе се идентификува со Шкупи и Шверцери со ножеви напаѓа деца за 200 денари!
Артан Груби којшто направи кариера од групни “шверцерски” тепачки, сега тепа милиони во имот, хотели, дуќани, и тој диктира политика!?
Тоа е воспоставениот модел на владеење со Ковачевски, Спасовски, Пендаровски!
Во центар на Скопје, нож се вади со прашања дали децата се за Комити, бидејќи напаѓачите биле за Шкупи.
Речиси во ист час, во ГТЦ, со нож се расечени дечиња од 22-годишник, за стотина денари, мобилен или што и да му бил пленот! Дале отпор!?
Ковачевски, Спасовски, Пендаровски, ја оставивте државата на тацна на криминалот; Скопје го претворивте во Авганистан под Талибанците!
Тепани деца во Дебар Маало, во Градски парк, во школски во Центар, кај Ист Гејт, избодени во ГТЦ! Важно Спасовски распишува огласи за вработувања од листата на Груби. Листата на оној истиот Груби што од тепачките на Шверцери стана “прв вице-премиер”!
А, самоидентификувањето на насилниците со навивачката група не е случајно, туку е пас за неказнивост, по теркот на Груби!
Ајде, одма сега еден тендер и нова културна прослава во МНТ да му се организира!