Избор на уредникотСвет

Сто илјади луѓе му оддадоа почит руско царско семејство Романови, убиено од проклетите комунисти

Ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога пред сто години брутално е убиен последниот руски цар Николај II со семејството, литија предводена од рускиот патријарх Кирил во која имаше околу 100 илјади луѓе, тргна од платото на „Храмот на крвта“ во Екатеринбург кон Ганина јама да им оддаде почит на трагично настраданите Романови и нивната прислуга која одби да го напушти царот таа страшна ноќ.

Во манастирот на „Светите царски маченици во Ганина јама“, каде болшевиците се обидоа да ги уништат посмртните останки на царското семејство, патријархот Кирил служеше молебен покрај напуштениот рудник. Како што соопштуваат руските медиуми, литијата се движеше по 21-километри долгиот пат по ој пред сто години се носени останките на царот Николај II, царицата Александра Фјодоровна, нивните деца, великите кнегињи Олга, Татјана, Марија, Анастасија и принцот Алексеј, како и на личниот лекар Боткин, собарот Труп, слугинката Демидова и готвачот Харитонов.

„Околу сто илјади луѓе се движеа кон манастирот. Во Ганина Јама секогаш се собираат многу повеќе луѓе отколку на литургијата под ведро небо пред „Храмот на крв“ во Екатеринбург (подигнат 2003 година на местото на урната куќа на инженерот Ипатјев во чиј подрум е стрелано царското семејство). Богослужби се одвиваат и во другите цркви во Екатеринбург, а луѓето подоцна се вклучуваат во литијата во текот на нејзиното движење“, рече епископот нижнетагилски и невјански Евгениј, старешина на манастирот на „Светите царски маченици“.

Минатата година литијата собра околу 60 илјади поклоници.

Руската православна црква го канонизираше 2000 година царското семејство Романови, 16 години подоцна за светец е прогласен и лекарот Евгениј Боткин. Последните експертски анализи ја потврдија автентичноста на пронајдените посмртни останки на Николај II и членовите на царското семејство Романови, соопшти вчера рускиот Истражен комитет кој води темелна истрага за убиството. До завршувањето на истрагата, како што пренесуваат медиумите, останува да се спроведат уште четири експертизи.

ИЗВОР:  РУСКА РЕЧ

Поврзани вести

Back to top button