Мистерии
Станал од ковчег и тргнал дома: Селаните ја раскажуваат приказната за човекот кој оживеа на погреб
Велат дека Клиничката и вистинската смрт немаат многу заедничко. Примерите на оние кои по смртта се враќале дома и станувале од ковчег не се многу чести, но сепак ги има.
Мурат Мусабеговиќ од Босна е еден од тие случаи и тоа во 1960 година. Тој е роден 1929 година, а еден ден во 1960 година се струполил на работа и бил прогласен за мртов од страна на лекарите. На неговиот погреб се собрале стотици луѓе, а тој пред сите нив буквално станал од ковчег. Работниците на погребалното претпријатие го отвориле капакот и паднале во несвест.
Се покажало дека имал клиничка смрт, и доколку не ги отворел очите навреме, всушност ќе бил закопан жив. Години подоцна неговиот случај се прераскажува по мештаните.