Свет

Срцето да ви препукне – што и кажуваат на малата Јана кога ќе праша кај е мајка и Јелена

Полицијата го идентификуваше убиецот на Јелена Марјановиќ, а според најавите неговото апсење се очекува во секој момент. За тоа време, семејството Марјановиќ нема мир, живеат во неизвесност, а според зборовите на Владимир Марјановиќ, најлошо им е кога малата Јана ќе праша за мајка и.

-Нашето ослободување ќе придонесе за фаќање на убиецот. Јана е тажна. Ја бара, а ние занемуваме кога ќе праша за Јелена. Ништо не и кажуваме кога ќе праша, додека не се консултираме. Убиецот ни зема половина, а написите во медиумите уште половина. Мајка и на Јелена постојано доаѓа. И сега ќе дојде. Јана ќе биде кај неа. Нашите односи се исти, само што ја нема Јеца- рекол свекорот на Јелена, Владимир Марајновиќ.

Според него, на целото семејство му пречи што од нивната несреќа се прави реално шоу.

Поврзани вести

Back to top button