Избор на уредникотМакедонија

Српски пејач повреден во вчерашната сообраќајка кај Кумново, една жена загина

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа синоќа во Македонија, на граничниот премин Куманово – Табановце, а во несреќата учествувале три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“ за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид, пренесува Информер, кој проследил и фотографии од местото на несреќата.

Ѓорѓе на својот Инстаграм профил објави видео од автомобилот каде објаснува дека се враќа во Србија по состанокот што го имал надвор од државата, но дека снегот кој почнал да дува со луда брзина му го попречувал патувањето.

– Ја завршивме последната средба што ја имавме, заминуваме за Србија, ќе застанеме малку во Ниш, пред тоа, единствено ми е ненормално што дува и снегот, станува сѐ полош и полош. постудено и постудено – вели Ѓорѓе Давид во видеото.

Во оваа сообраќајна несреќа, за жал животот го загуби 49-годишна кумановка. Таа била сопатничка во возилото „поло“. Покрај трагичната загуба на оваа жена, две лица се тешко повредени, а се сомнева дека и самиот Ѓорѓе Давид се здобил со тешки повреди.

 

Поврзани вести

Back to top button